Во текот на денешниот ден, откако истече рокот кој ЕВН им го одреди, освен на Железници транспорт, струјата им ја исклучиле и на АД ГТЦ. Струја немало во целиот објект, вклучинително и дуќаните кои егзистираат таму. Сепак, ЕВН подоцна повторно ја вклучила струјата, откако од АД ГТЦ им било ветено дека во најскоро можно време долгот ќе биде подмирен.
Наспроти ЕВН, директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски вели дека струја во ГТЦ има, и дека прекинот траел само половина час, но не поради долг, туку поради дефект на мрежата кој претходно им бил најавен од ЕВН.
„Точно е дека имаше прекин на електрична енергија во период од половина час, но тоа нема никаква врска со долг. Ни беше испратен и мејл од ЕВН со најава дека ќе нема струја поради дефект. ГТЦ на ЕВН му должи само една сметка која е околу 400 илјади денари, но тоа нема никаква врска со денешното исклучување”, тврди за МКД.мк Трајчевски.
Но, од ЕВН велат поинаку, односно дека исклучувањето е поради долг за струја, но по постигнат договор електричната енергија е повторно вклучена.
„ГТЦ беше исклучен поради доспеан долг, меѓутоа истиот е повторно повторно приклучен по постигнат договор дека долгот ќе биде подмирен“, одговорија од ЕВН и додаваат дека се работи за исклучување кое беше најавено за 15 декември за сите должници.
И неколкумина сопственици на дуќани во ГТЦ за МКД.мк потврдија дека се јавиле во ЕВН и добиле одговор дека исклучувањето на струјата е поради неплатен долг.
Целиот тескт прочитајте го на МКД.мк со клик ТУКА.