Во последните 24 часа коронавирусот во Србија е потврден кај 13.153 лица, а во исто време од последиците на овој вирус починале 57 пациенти.

На респиратори се приклучени 151 пациент. Тестирани се 25.431 лице, а хоспитализирани се 3.533 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Србија починале вкупно 13.570 луѓе, а стапката на смртност кај нашиот север сосед е 0,82 отсто.