Во повеќе градови во Србија се одржаа протести против насилството. Граѓаните на Сомбор се собраа на плоштадот Света Троица. Пред толпата се обрати актерката Ивана Јовановиќ, а пред неа беа прочитани барањата  граѓаните на српски и на унгарски, објави N1.

Откако се собраа во центарот, сомборчани со велосипеди се упатија до мостот на Големиот Бачки Канал. Тие сакаа да им се придружат на жителите на приградската населба Буковац, кои веќе десет дена организираат блокади на патот Апатина.

Како што објави N1, на Градскиот плоштад во Ваљево се одржа шестиот граѓански протест „Ваљево против насилството“. На граѓаните, кои се собраа во нешто поголем број отколку што беше досега, им се обратија пензионираниот професор на ФПН, Чедомир Чупиќ и студентот од Универзитетот во Белград, Павле Цицвариќ.