Митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј оствари средба со Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј во Рим. Состанокот се одржа во духот на меѓусебно почитување и соработка меѓу црковните претставници.

Според соопштението на Дебарско-кичевската епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), средбата се одржала во рамките на официјалниот престој на Вселенскиот патријарх во Рим. Поводот за неговата посета беше свеченото отворање на академската 2026/2027 година на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ (Angelicum), каде што на патријархот Вартоломеј му беше доделен почесен докторат по теологија.

„Средбата претставуваше можност за лична средба и разговор, а во духот на евангелската љубов и взаемното почитување“, наведуваат од Дебарско-кичевската епархија.