Од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека претседателот изрази благодарност за посветеноста и ангажманот на амбасадорот Орјан за време на извршувањето на одговорната дипломатска функција во нашата држава, посакувајќи му успех во неговите идни ангажмани.
– Претседателот Пендаровски се заблагодари за израелската поддршка од стекнувањето на нашата независност до денес и притоа нагласи дека постојат можности за интензивирање на економската соработка во областа на безбедноста, науката и новите технологии, земјоделството, како и во културата и туризмот, наведоа од Кабинетот на шефот на државата.
На средбата станало збор и за моменталните состојби во двете држави со пандемијата со Ковид-19 и за процесите за вакцинација на граѓаните, при што се размениле мислења и информации за последиците од пандемијата.