Од Министерството за информатичко општетсво и администрација сопштија дека министерот Шаќири го информирал амбасадорот Силвестри за достигнувањата и процесите што веќе се започнати во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста.

На состанокот, како што велат, особено внимание е посветено на сајбер безбедноста.

-Се разговараше за растечкиот тренд на сајбер нападите и мерките што треба да се преземат. Разгледани се неколку можности за соработка во конкретни проекти во областа на сајбер безбедноста за да помогнеме во подобрување на условите, подобра заштита, проценка на ризик и мерки за спречување сајбер ризиците. Министерот Шаќири изрази голема благодарност за подготвеноста на амбасадорот и италијанската држава да ја понудат својата помош во иницијативите, стои во соопштението.