Владата уште утре да го исполни ветеното линеарно зголемување на платите на работниците во јавниот сектор од 2.806 денари, а Собранието да ги повлече предложените измени за Законто за работни односи за недела да е работен ден во туристичките места, побара вечерва од Охрид Сојузот на синдикати на Македонија. Во спротивно најавија носење одлука за генерален штрајк и блокада на сите институции.
Претседателот на ССМ Дарко Димовски на прес-конференција рече дека работници, нивни членови пријавиле загриженост за најавата на министерот за економија Крешник Бектеши недела да е работен ден во туристичките места, притоа не прецизирајќи кои се места ќе бидат опфатени.
– Имаме големо незадоволство меѓу работниците, бидејќи голем бенефит за нив е недела не работен ден и нема цена што би ги натерала да работат во недела, знаејќи дека денот го поминуваат заедно со своите фамилии. Сметаме дека предлогот од Министерството за економија е крајно неприфатлив како за нас претставниците на работниците, синдикатите така и за самите работнции во трговијата и бараме од Собрнаието да не бидат изгласани овие законски измени со цел да не ги оштетиме работниците и да не ги уназадиме работничките права, истакна Димовски.
Најави дека в петок ќе носат конечна одлука за генерален штрајк, кој во моментот, според претседателот на ССМ, е неминовен поради завршувањето на мерките за ограничувањето на основните производи и најавите од трговците на големо и на мало за над 10 отсто зголемување на цените.
– Затоа апелирам до Владата како трет социјален партнер и она што ни го вети за време на преговорите по општиот и колектувен договор за јавниот сектор каде што велеше со ребалансот на Буџетот и новиот Буџет за извршување ќе предвидат средства за нас работнците за линеарно зголемување од 2.806 денари тоа да го направи уште утре доколку сака да го избегне она што ни е законско право и обврска, а тоа е генерален штрајк и блокада на сите институции. Ако нема пари за работникот ќе нема за никого, бидејќи дојде време сите да ја биеме битката за гола егзистенција и преживување како на работнциите така и на нивните фамилии, подвлече Димовски.
Потпретседателот во приватен сектор во ССМ, Иван ПешеÐ �ски забележа дека инфлацијта ја изела минималната плата и линеарното зголемување на платите.
– Без разлика дали е приватен или јавен сектор работникот во Македонија повеќе нема да има никаков бенефит од 2.806 денари линеарно зголемување и затоа во иднина како претставници на Сојуз на синдикати на Макеоднија ќе бараме и поголемо зголемување на платите и тоа да биде во најскор можен рок, а не да го чекаме септемвир и имплементација на членот 8 од Законот за исплата на минимална плата, рече Пешевски.
Порача претставниците на власта сериозно да ја сфатат пораката и да не даваат паушални изјави, бидејќи, потсети, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труди и социјална политика Јованка Тренчевска на првомајскиот марш ветиле дека покачувањето на платите ќе биде договорено во рамки на социјалниот дијалог.
– Немаме повеќе трпение да чекаме и ќе си ги бараме сите права загарантирани со Уставот и Законот за работни односи, подвлече Печевски.
Во однос на барањата на трговците за недела да е работен ден упати апел до сите работодавачи и газди посебно во туристичките места да го прочитаат Законот за трогвија, кој им овозможува да работат и самите сопственици на дуќани во недела. Кога ќе отидат на годишен одмор со своите фамилии, посочија дека работниците ќе им излезат во пресрет и ќе работат две недели, ќе го испочитуваат Законот за работни односи да имаат непрекинат одмор од 14 дена.