Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски преку статус на Фејсбук пишува дека над 800 ученици од основните училишта во општина Гази Баба примија дипломи и медали за постигнат спортски успех во учебната 2021 / 2022 година.

-🏆🥇🥈🥉Над 800 ученици од основните училишта во општина Гази Баба примија дипломи и медали за постигнат спортски успех во учебната 2021 / 2022 година.

✅Денес имав задоволство да присуствувам и да се обратам на затворањето на училишните спортски лиги кои се оддржуваа на територија на општина Гази Баба за учебната 2021/2022 година.

👉Организатор на училишните лиги беше Општинскиот сојуз на училишен спорт Гази Баба.

⚽️🏀⚾️Во рамки на училишните спортски лиги се оддржаа натпревари во футсал – машки, кошарка – машки, одбојка – женски, ракомет – женски, кошарка – женски, футсал – женски како и натпревари во различни дисциплини во атлетика.

🎽Општина Гази Баба е најспортската општина во градот Скопје, а за тоа се доказ бројните реализирани спортски настани и активности.

🤝Сакам јавно да се заблагодарам на наставниците по физичко и здравствено образование за нивната посветена работа во текот на целата измината година.

👏👏Им честитам и на сите основни училишта и ученици поединци за постигнатите успеси во натпреварите кои се оддржуваа во текот на учебната година, стои во неговиот пост на Фејсбук.