За одлуката градоначалникот Стефковски ги информираше граѓаните преку неговата официјална страна на Фејсбук во која тој напиша:
“Реализирано уште едно ветување. Нов хемиски отпад во Општина Гази Баба нема да има!
Во изминатите неколку дена заедно со стручни лица од областа на урбанизмот и заштитата на животната средина спроведовме ревизија на постапката и содржината на три урбанистички проекти, по што утринава потпишав Решение за запирање на постапката за одобрување на три урбанистички проекти вон опфат на урбанистички план. Дадов збор за време на кампањата и денес тоа го реализирав. Заштитата на животната средина е на врвот на моите приоритети“!