Пендаровски нè убедуваше дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин – сега продава мозок како да се води надворешна политика

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, кој за време на својот мандат не се спротивстави на бугарските уцени, а тврдеше дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, сега одеднаш се јавува како „советник“ за надворешна политика, критикувајќи ја актуелната влада за позиционирањето кон администрацијата на Доналд Трамп.

Човекот кој не направи ништо за да ја одбрани Македонија од уцените на Софија, сега држи лекции како земјата треба да „молчи“ и да „чека“.

Пендаровски сега зборува дека Македонија нема што да понуди на Трамп и дека треба да биде претпазлива во лицето на неправдата.

„Ние треба да видиме што можеме да понудиме кај ваков Трамп во однос на Бугарија – ништо, практично ништо. Кај трансакционен претседател ние имаме многу малку што да понудиме – зборувам за пари и ресурси. Бугарија има далеку подобра стратешка позиција од нас“, вели Пендаровски.

Стево Пендаровски трепереше и молчеше пред Груби, но сега држи лекции за глобалната политика

Ова е истиот претседател кој трепереше пред Груби, кој не кажа ниту еден збор кога неговиот коалициски партнер ја злоупотребуваше власта.

Сега, одеднаш, држи лекции за тоа како Македонија треба да се пази да не зазема страна.

„Ние сме мала држава, ние не сме светска велесила, туку меѓу најмалите на Балканот и нас не ни личи да истрчуваме, да бидеме брзи и први да се позиционираме до Трамп“, вели Пендаровски.

Претседателот што молчеше кога требаше да зборува, а зборува кога треба да молчи

Стево Пендаровски останува еден од најнеодлучните политичари во македонската историја. За време на својот мандат, не ја бранеше Македонија од неправдите, не застана против бугарските блокади, не се спротивстави на ДУИ во владата и молеше за нивните гласови до последниот момент, но сега одеднаш ја открива „опасноста“ од Трамп и неговото „ново нормално“.

Ако Пендаровски имаше ваква загриженост и цврстина кога беше претседател, можеби Македонија денес ќе беше во многу подобра позиција.

Но, реалноста е дека тој само ја следеше агендата на Софија, а сега, кога неговото време помина, се обидува да глуми стратег и аналитичар.

На крајот на денот, Пендаровски не беше ништо повеќе од едно цвеќе во канцеларијата на претседателот, кое убаво изгледа за сликање.

Можеби затоа кога зборува за „новото нормално“, всушност мисли на своето нормално – седење во аголот, молчење и чекање да му кажат што да мисли.

Македонија не смее повеќе да има лидери што треперат пред притисоци, туку вистински државници што знаат како да ја заштитат државата.