-Со денови молчи власта, молчи и државната статистика како е можен таков егзодус на работна сила со која што Македонија во два квартали, за неполна половина година да загуби 215.000 работоспособни луѓе?

Со цел да ја прикажеме вистинската слика што значат 215 илјади луѓе загубени, тоа е како да тргнете по автопатот од влез во Македонија на граничен премин Табановце и се до излез од Македонија по автопатот на граничниот премин Богородица, и безмалку низ сите општини што минувате да нема ниту еден жител, ниту еден човек. Празни општини, празни градови! Тоа го покажува Државниот завод за статистика дека според оваа математика 215.000 луѓе е празно Куманово, празен Велес, празно Градско, Неготино, Демир Капија, празна Гевгелија.

Почитувани,

215.000 помалку луѓе, работоспособна сила, е погром за македонската економија. Тоа не може да е статистичка грешка, или калибрирање како што наведуваат. Ова се податоците од Државната статистика. 104 илјади од овие 215.000 биле вработени, така се водени до крајот на 2021, како вработени, а сега ги нема! Ова почитувани, е резултат на девастирачките политики на СДСМ/ДУИ за економијата, политики со притисок врз приватниот сектор, политики со полнење на јавната администрација, политики за затворање наместо отворање работни места. Политики на лага кон земјоделците, политика на лага кон стопанствениците, лага кон работниците дека ќе им биде вреднуван нивниот труд!

Почитувани,

215.000 лица помалку значат 215.000 помалку уплати во здравството, во пензискиот фонд, данокот којшто СДСМ/ДУИ го цедат на луксузи.

Почитувани премногу е!

На 18-ти јуни заедно мора да кажеме Премногу е! Приклучете се на протестот за промени пред Владата на 18-ти јуни во 20 часот!, истакнува Наум Стоилковски од редовите на ВМРО ДПМНЕ.