Се’ ќе поскапи! Покачување на давачките за нафтата и горивата и најавеното драстично зголемување на цената на електричната енеригија е најлошата економска одлука којашто може да се донесе, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
-СДСМ ги удира граѓаните. Ги удира земјоделците, таксистите, превозниците, преработувачката индустрија, стопанството, сите домаќинства, пензионерите. Се’ ќе поскапи! Вакво драстично зголемување на цената на горивата и електричната енергија, во период на економска рецесија и на веќе видлива инфлација, ќе ги зголеми цените на се’, ама буквално на се’, на храната, на сметките, на превозот, на земјоделските производи, цените на облека, цените на се’. Овие најавени поскапувања не се ниту први, ниту единствени во време владеење на режимот на СДСМ. Нафтата со новото поскапување на давачките од 3,5 денари за т.н. еколошка такса, како измама за празниот буџет и зголемувањето на ДДВ-то по тој основ, вкупно нафтата е зголемена за 14,06 денари само за давачки коишто ќе ги плаќаат граѓаните за даноци, акцизи, такси и маржи по еден литар гориво. Овие 14,06 денари не се плаќаа пред доаѓањето на режимот на СДСМ во Македонија. Да потсетам дека струјата лани веќе се поскапи со 7,42%, а за оваа година се најавува ново дополнително двоцифрено поскапување. Зоран Заев не ги враќа парите на граѓаните. Зоран Заев ги зголемува сите возможни цени, даноци, такси, маржи и акцизи коишто ги плаќаат граѓаните. Тендерите за нивните фирми врват, државните компании нижат загуби, граѓаните осиромашуваат, а власта се луксузира, истакна Стоилковски.
Заради нивното расипништво, граѓаните ќе плаќаат многу повеќе. Поскапувањето на горивата и на струјата е со единствена цел – да се пополни празната буџетската дупка, создадена со нивното расипништво. Се’ друго е лага, додаде тој.