„Треба да знаеме дека во наредните три години ние како држава треба да вратиме шест милијарди евра стари долгови, а во наредните од 2026-2031 некаде отприлика 9 милијарди евра долгови, коишто без исклучок сите се земени од претходната влада. И токму голем дел од овој заем ќе биде за потпирање и за враќање на стариот долг, а во јуни месец треба да ја исплатиме втората транша од еврообврзницата од 700 милиони евра којашто е земена во 2020 година. Во претходниот мандат кога СДС беше на власт од 2020 до 2024 во Собранието се пристигнати 28 закони за задолжување и без исклучок сите се пристигнати во скратена постапка. Овој закон не може да не е транспарентен бидејќи прво е усвоен во Влада, потоа е доставен до сите пратеници, матичната комисија ја претседава пратеничка од СДС“, истакна Бојан Стојаноски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на телевизија Телма во емисијата „Директно“.
Стојаноски истакна дека дел од средствата од новиот заем ќе бидат наменети за враќање на стари долгови и реализација на капитални проекти, обвинувајќи ја претходната власт за зголемување на јавниот долг и нетранспарентно трошење на државните пари.
„Со дел од овие средства покрај враќањето на старите долгови ќе се финансираат и одредени капитални проекти, суштината на нашата економска филозофија е финансирање на капитални инвестиции и така да дојдеме до економски раст којшто го имаме и којшто сега е присутен. Ние кога заминавме од власта го оставивме јавниот долг на 4,7 милијарди отприлика 44-5% од БДП, 2024 година имавме 8,8 милијарди што значи 10 проценти поени покачен долг. Ние во овие две години вративме 2 еврообврзници, едната од 500 милиони, едната од 700 милиони и за тоа требаше да обезбедиме средства од 1,2 милијарди евра“, рече Стојаноски и праша:
„За што беа тие пари потрошени? Државниот завод за ревизија укажа дека најголем дел од тие средства се трошеле нетранспарентно и криминално“.
Стојаноски на крај се осврна и на унгарскиот кредит за кој посочи дека тие средства мултипликативно ќе се вратат во Буџетот, а како резултат на тоа е тоа што во 6 квартали по ред има раст на БДП од 3,4%.
„Тие 250 милиони евра коишто беа дадени кон деловните субјекти како и овие 250 милиони евра коишто беа дадени кон општините се средства коишто мултипликативно ќе се вратат во Буџетот, и токму затоа вие имате ситуација во којшто 6 квартали по ред вие имате раст на БДП од 3,5%“, дециден е Стојаноски.
