-Механизацијата, општинските екипи и фирмата ангажирана за справување со снежните наноси се на терен. Улиците се чисти и проодни, а со тоа и безбедни за сите жители на Ѓорче Петров, информира градоначалникот Александар Стојкоски.
-Ќе се патролира и во текот на ноќта, ќе има дежурни тимови задолжени да внимаваат да нема голомразица и снег. Дел од улиците кои се под надлежност на Град Скопје, се чистат од нивни екипи, пишува на Фејсбук.