Општина Ѓорче Петров, како што најавува градоначалникот Александар Стојкоски, подготвено ќе ги дочека снежните врнежи во претстојната зима. Одржан е состанок на општинскиот Кризен штаб за да се делува навремено и плански.
Сите вклучени страни се максимално подготвени. Залиха на сол веќе имаме подготвено, а ќе набавиме и доволна дополнителна количина. Годинава првпат располагаме и со сопствено возило за зимски услови, кое ќе ни ја олесни постапката на расчистувње снег штом се јави потреба за тоа. Полицијата во Ѓорче Петров веќе изготвува посебен план и ќе интервенира редовно, но и вонредно каде што има потреба. Особено внимание ќе обрнеме на критичните точки, како што се мостот кон населбата Даме Груев и патот кон Кучково – информира Стојкоски.
Тој се надоврза на тоа и дека е предвидена 24-часовна дежурна служба на критичниот мост со цел превенција на евентуални сообраќајни незгоди, а ќе има и редовна комуникација со Дирекцијата за заштита и спасување, Град Скопје, фирмата „Анизор“ која е задолжена за зимско одржување, како и со месните и со урбаните заедници.