Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред денешната средба со финскиот претседател Саули Нинисто, изјави дека Финска и Шведска ако посакаат можат брзо да станат членки на Алијансата.
Тој додаде дека е уверен оти може да се постигнат договори со двете скандинавски држави и брзо да биде ратификација во парламентите на сите 30 земји-членки на НАТО.
Русија, со која Финска има заедничка граница од 1.300 километри, соопшти дека ќе распореди нуклеарно оружје и хиперсонични ракети во нејзината балтичка енклава Калининград доколку Финска и Шведска одлучат да се приклучат на НАТО.