По вчерашната посета на Приштина, а утрешната на Белград, првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг штотуку пристигна во Скопје.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска на Меѓународниот аеродром во Скопје го пречека генералниот секретар на НАТО – Алијансата и му посака добредојде во „сојузничката Северна Македонија“.
„Добредојдовте во Северна Македонија, посветен и докажан сојузник во Алијансата. Почестени сме што во македонскиот главен град ќе се реализира заедничката средба со лидерите на Северна Македонија и сојузниците – Албанија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Тоа покажува дека НАТО ја цени улогата на Северна Македонија како сојузник и важен столб стабилност во Западниот Балкан“ – рече министерката по пречекот на генералниот секретар на НАТО.
Посетата на генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг на Северна Македонија е во рамките на неговата четиридневна посета на Западниот Балкан.
Во среда во Скопје ќе се одржи неформалниот лидерски состанок на НАТО сојузниците од регионот.