Во селото Горња Трепча кај Чачак се случило тешко убиство кога, според соседите, маж му ја отсекол главата на сопствениот брат.

– Ова е страшна трагедија. Човекот кој му пресуди на својот брат имал психички проблеми, но и во најмрачните сништа не би помислиле дека вакво нешто може да се случи, велат соседите.

На местото на настанот пристигнале полициски и екипи на брзата помош, пишува српски Курир.