На универзитетот во Кардиф била спроведено тестирање на присуство на анти-тела кај асимптоматските вработени во институцијата. Иста група луѓе, тестирана двапати во три месеци, пишуваат од Off.net.mk.
За време на првото тестирање, во јули 2020, сиге партиципиенти биле здрави, не биле ковид дијагностицирани и немале ковид симптоми. Од 739 луѓе кои биле тестирани, 3,65% имале анти-тела, нешто помалку од националниот просек на Обединетото кралство кое изнесува 4-6%. Малку изненадувачки резултат бидејќи за таква урбана средина се очекува поголем степен на заразеност но ок, ако се има предвид дека повеќето вработени работеле од дома во перидот март- септември.
Студијата не наишла на статистички значајни разлики меѓу бројот на мажи и жени со анти-тела иако доминантна група се мажите постари од 40 години. Но, кога се споредуваат нивоата на анти-тела кај оние кои биле тестирани позитивни се наидува на битна разлика: мажите имале три пати поголеми нивоа на анти-тела од жените.
На повторното тестирање три месеци подоцна, се открила уште една значајна разлика: од оние кои претходно имале анти-тела против ковид-19, 21,7% веќе не биле позитививни, што значи дека еден од петмина кои генерирале анти-тела, ги изгубиле (се претпоставува за 6 месеци бидејќи инфекцијата веројатно се случила три месеци пред првото тестирање).
80% од оние кои ги изгубиле своите анти-тела биле жени. Во просек 10 години постари од жените кои ги задржале анти-телата. Можно е сето ова да има врска со променетиот имун систем на жените кои се доближуваат до менопауза или пак се пост-менопаузални, нешто што е забележано и во врска со грипот.