– Очигледно е дека погрешно ја проценивме ситуацијата, објаснија од банкарскиот гигант кој беше најавуван како главен инвеститор на новоформираната Суперлига.

За потсетување секој од 12 клубови кои требаше да бидат дел од оваа лига од „Џеј Пи Морган“ требаше да добие по 350 милиони на евра. Сепак, на крајот бродот потона бидејќи сите клубови освен Реал Мадрид, Јувентус и Барселона се повлекоа од овој проект.