Стратешката советодавна група на експерти (САГЕ) за вакцинација при СЗО денеска ги објави своите препораки за употреба на вакцини изработени од американската фармацевтска компанија Џонсон и Џонсон по состанокот кој се одржа во понеделникот, пренесува Хина.

СЗО ја одобри вакцината на „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19 во петокот.

Во јануари „Џонсон и Џонсон“ соопшти дека нејзината вакцина е ефикасна 66 проценти против Ковид-19.

Тоа е прва вакцина со одобрение на СЗО во една доза, наместо во две, и може да се чува на температури на фрижидер.

Вакцината „Џонсон и Џонсон“ беше итно одобрена во САД кон крајот на февруари.

Таа е одобрен и во Канада на почетокот на март и на 11 март во Европската унија, а веќе почна да се применува и во Јужноафриканската Република.