Документ за проценка на податоците на кинеската вакцина „КоронаВак“ изготви денес Стратешката советодавна група на експерти на СЗО (САГЕ) врз основа на резултатите од клиничките испитувања во фаза 3 во Кина, Бразил, Индонезија, Турција и Чиле, пренесе Ројтерс.

– Убедени сме дека две дози на „КоронаВак“ се ефикасни во спречување на КОВИД-19 кај лица на возраст од 18-59 години, соопшти САГЕ во проценката објавена на веб-страницата на СЗО.

Во соопштението се вели дека има недостаток на докази за безбедноста на вакцината за време на бременоста, како и безбедноста и ефикасноста кај постарите возрасни лица со основната болест, но исто така и проценки на ретките несакани ефекти откриени со следење по употребата.

Вакцината произведена од „Синовак“ е одобрена во 32 земји, на кои се распределени 260 милиони дози, велат експертите на САГЕ.

Експертите велат дека само делумно биле убедени дека ризикот од сериозни несакани ефекти е низок кај луѓето помлади од 60 години, но дека не се обезбедени доволно квалитетни докази дека таков ризик не постои кај лица постари од 60 години.

Таквиот став се наведува и кога станува збор за ефикасноста на вакцината кај луѓе со истовремени болести или здравствени состојби кои го зголемуваат ризикот од тежок КОВИД-19.

Анализата на САГЕ е подготвена затоа што Техничката советодавна група на СЗО во моментов ја разгледува вакцината „Синовак“ за итна употреба, а позитивниот исход ќе го отвори патот за нејзина дистрибуција преку КОВАКС и да обезбеди многу важна меѓународна поддршка.

Анализата на вакцината „Синовак“ следеше откако експертите на СЗО изразија многу мала доверба во податоците на кинески „Синофарм“ за вакцината против Ковид-19 во врска со ризикот од сериозни несакани ефекти кај одредени пациенти, а истовремено изразија целосна доверба во способноста на вакцината за да се спречи инфекција со коронавирусот, се наведува во документот, во кој имал увид „Ројтерс“.