Светската здравствена организација (СЗО) во понеделник соопштила дека коронавирусот и натаму претставува вонредна меѓународна јавноздравствена криза, што е најголем облик на предупредување на таа агенција.

Пандемијата веројатно е во „преодна точка“ која и натаму бара внимателно управување за да се „ублажат потенцијално негативните последици“, пишува СЗО во своето соопштение.

Минаа три години откако таа агенција при Обединетите нации го прогласија ковид-19 за светска здравствена опасност. Во пандемијата починаа повеќе од 6,8 милиони луѓе во сите делови од светот, а болеста негативно влијаела и на светската економија и функционирањето на општеството.

Ситуацијата се менува во 2020-та година со доаѓањето на вакцината и терапиите, пишува „Reuters“. Главниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус изразил надеж дека вонредната состојба ќе се укине оваа година, посебно ако на глобално ниво се подобри пристапот до мерките против зараза.

Советниците на експертскиот одбор на СЗО за статусот на пандемијата во декември минатата година рекле дека веројатно сè уште не е момент за прогласување на нејзин крај поради неизвесноста околу бранот на заразата во Кина која кон крајот на 2022-ра година ги укина своите строги „зеро ковид“ мерки.