Предупредувањето уследи откако експертите и лидерите повикаа на акција против вознемиреноста и стресот предизвикани од Ковид-19.

– Сите се погодени на еден или друг начин. Грижата за пренесување на вирусот, психолошкото влијание од затворањето и самоизолацијата придонесоа за кризата во менталното здравје, заедно со стресот поврзан со невработеноста, финансиските грижи и социјалното исклучување. Ефектите од пандемијата врз менталното здравје ќе бидат долгорочни и со трајни последици, се нагласува во соопштението на СЗО објавено на почетокот на дводневниот состанок во Атина со министрите за здравство од десетици земји.

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге истакна дека менталното здравје треба да се смета за основно човеково право, додавајчи оти Ковид-19 уништил многу животи.