Се проценува дека приближно седум милиони луѓе умираат предвреме секоја година од болести поврзани со загадување на воздухот. Во исто време, земјите во развој најмногу страдаат поради нивната зависност од фосилни горива. СЗО загадувањето на воздухот според ефектот го споредува со оној од пушењето и нездравата исхрана. По ова, пред самитот COP26 во ноември, од 194 земји-членки се бара да ги намалат емисиите на стакленички гасови и да почнат активности поврзани со климатските промени.
Со децении се намалуваат границите на она што се смета за прифатлива количина на загадување, а во Велика Британија, на пример, дозволените граници за најопасното загадување се четири пати повисоки од максимално дозволените од СЗО.
Според СЗО, „дури 80 проценти од смртните случаи поврзани со честичките ПМ2,5 би можеле да се избегнат доколку сегашните нивоа на загадување се на нивоа што се предложени во упатствата“.
Неодамна објавените упатства ја преполовија максималната препорачана количина на изложеност на опасни честички наречена PM2.5. Упатствата, исто така, бараат намалување на препорачаната граница и за други микрочестички, на пример, PM10 се намалува за 25 проценти. Други загадувачи вклучуваат озон, азот диоксид, сулфур диоксид и јаглерод моноксид. Загадувањето на воздухот е дополнително поврзано со болести како што се срцеви заболувања, срцеви напади и астма. Кај децата, постои можност загадувањето негативно да влијае на растот на белите дробови и да предизвика астма.
– Подобрувањето на квалитетот на воздухот може многу да придонесе за ублажување на климатските промени, истовремено намалувајќи ги емисиите, што пак ќе го подобри квалитетот на воздухот, велат од СЗО.