Арбен Таравари, генерален секретар на Алијансата за Албанците и актуелен градоначалник, но и кандидат за градоначалник на општина Гостивар рече дека овие избори се избор меѓу белото и црното, меѓу бандите и чесните луѓе.
„Не е толку ни важно кој ќе победи затоа што овое избори се многу важни затоа што борбата е меѓу бандити и чесни, криминалци и чесни, меѓу бело и црно. Но, во овие избори ДУИ се многу нервозни“, кажа Таравари.
Таравари и со коментaр за пукањето на отворањето на штабот на ДУИ и нивниот кандидат за општина Чаир, Висар Ганиу.
Според него за ДУИ не важат закони.
„Таткото на Арбр Адеми го фатија како купува гласови минатите избори, Џеват Адеми рани човек пред 200 луѓе…Никој од нив не сноси одговорност. Да пукаш на митинг на ДУИ е само демонстрација на сила. Да се случеше пукање на било кој друг митинг на друга политичка партија сигурно ќе имаше уапсено неколку лица. Па гледате во Тетово при горење на модуларната болница има 14 жртви, и никој не одговара, уапсени се само лица кои протестираа и бараа некој да понесе одговорност “, вели Таравари.
Според него овие избори се меѓу белото и црното, меѓу бандите и чесните луѓе, меѓу чистото и прљавото, меѓу криминалот и искреноста.
„Не е толку ни важно кој ќе победи затоа што овое избори се многу важни затоа што борбата е меѓу бандити и чесни, криминалци и чесни, меѓу бело и црно. Но, во овие избори ДУИ се многу нервозни“, кажа Таравари.
Таравари посочи дека во Гостивар за 4 години е направено повеќе од сите следни општини заедно Чаир, Тетово, Струга и Кичево, и само во Гостивар се направени 40 километри патишта, 5 градинки, 10 реновирани училишта и уште многу работи.