Арбен Таравари не добил официјална покана за обединување во еден субјект

Продолжува внатрепартискиот конфликт меѓу Арбен Таравари и Изет Меџити во колаицијата Вреди. Откако утрово Меџити упати обвинувања кон Тараввари, тој сега јавно проговори за состојбите во коалицијата.

Меџити децидно негира соработка со ДУИ: Таравари е единствениот кој има дилеми

Иако некои медиуми пренесоа дека тече иницијатива за формирање еден политички субјект во албанскиот блок, Арбен Таравари, лидерот на дел од Алијансата за Албанците, изјави дека не добил никаква понуда за приклучување кон тој процес.

„Последен пат кога сме зборувале на оваа тема беше во јули или август. Од тогаш немам ништо ново,“ рече Таравари.

Таравари: „Добро е што се обединуваат, но нас никој не нè покани“

Таравари вели дека му се допаѓа идејата за спојување на партиите и создавање на посилен политички субјект, но јасно потенцира дека Алијансата за Албанците нема добиено формална покана за обединување.

„Ние сме отворени за разговор. Имаме пет пратеници и подготвени сме да седнеме на маса, ако има волја.“

Нема преговори со ДУИ, а со Вреди – ултиматум наместо понуда

Прашан дали имало контакти или разговори со ДУИ, Таравари категорично негираше. Од друга страна, со коалицијата Вреди, како што вели, немало разговор – туку едностран ултиматум.

„Добив ултиматум, не понуда. Ни рекоа: Ние четири партии ќе се споиме, ако прифатиш – добро, ако не – ништо.“

Таравари со иронична понуда: „Ако сакаат, нека си го земат и името“

Во контекст на актуелните политички разговори и новата иницијатива за создавање еден албански политички блок, Таравари со доза на иронија изјави дека, дури и ако се формира нова партија, Алијансата е подготвена да го „отстапи“ името.

„Нека ја викаат новата партија Вреди, нема проблем. Ние го отстапуваме името.“

Арбен Таравари испраќа јасна порака – Алијансата е отворена, но нема да прифаќа ултиматуми. Наместо ултиматуми, бара партнерство засновано на доверба и рамноправност.

Извор: Скопје1