Зад затворени врата и без многу информации се одвиваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ за состав на идната влада. Тие се блиску до конечното распределување на ресорите, иако се држат во тајност разговорите откако ги утврдија принципите на делување на новата Влада.
Таравари рече, па одрече
Еден од лидерите на коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари, оптимистички гледа на формирањето влада со став дека на „Вреди“ ќе припаднат шест министерски места, но и спикерското место во Собранието.
Таравари вчера за косовската телевизија РТК изјави дека „ВЛЕН“ ќе добие 6 министри и собраниски спикер, за потоа да ретерира од својата намера и да рече дека тоа се само барања на „ВЛЕН“. Во изјава за телевизија Телма, Таравари рече дека рано е да се зборува за распределба на министерски места. Тој вели дека тоа се барањата на нивната коалиција.
Преговорите на работните групи течат интензивно, се финишира заедничката програма а дополнително ќе се разговара за кадровските решенија. Договор околу барањето за спикерското столче во Собранието засега нема, вели Таравари.
Мицкоски се надева на пратеник повеќе
Со прегласувањето во среда лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се надева на уште еден пратеник во петката и како што вели ќе бидат обезбедени 62 пратеници во Собранието, а следната цел како што рече е две третини во Парламентот.
Али Ахмети сака да се претстави како жртва
Инаку Ахмети ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дека тие се инженерите за прегласувањето во 7 избирачки места.
Ова е направено од двете најголеми партии од македонска националност кои за жал политички се плашиме дека ќе имаат влијание и на меѓуетничките односи кои ние не ги посакуваме, рече Ахмети.
Коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
Веќе извесно е дека идната коалиција чиј мандатар е Христијан Мицкоски ќе биде составена од ВМРО-ДПМНЕ и Вреди. Прашање е дали во идната влада ќе влезе и партијата ЗНАМ предводена од Максим Димитриевски. Веројатно за ова ќе се разговара по прегласањето во среда.
ДЕТАЛНО: На кои избрички места ќе се прегласува и која партија може да добие пратеник повеќе?
Оптимистичките сценарија говорат дека Владата ќе се состави веќе почетокот на јуни.