-Рапидно има зголемување на репро материјалите што значи ние со оваа цена тешко можеме да планираме производство на ориз за следната година. Младите се иселуваат, не сакаат да работат нешто во загуба, не сакаат да пропаѓаат во долгови и не можат повеќе со старите трактори и комбајни да работат, сакаат посовремена механизација и посовремени услови во кои што ќе имаат загарантирана некоја минимална плата, осигурување и пензија, истакна Стојче Ташковски, млад оризопроизводител во утринска емисија на Алфа телевизија.

Ташковски додаде дека од неговите краишта каде што тој живее и работи, младите масовно се иселуваат.

-Оставањето на необработливи површини е зголемено, имаме трска и трева што расте, луѓето немаат веќе волја за работа. Имавме остварено дијалог со премиерот Зоран Заев во септември месец, на средбата бев и јас присутен, на средбата ни се вети минимална цена 25 денари за откуп на арпа, меѓутоа од тоа не се ништо оствари, нагласи Ташковски.

Ташковски посочи дека власта треба да создаде подобри услови за земјоделците, а не да даваат лажни ветувања.