Попладне услови за локален дожд, грмежи и ретка појава на град
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со мала облачност и високи дневни температури низ целата земја. Според прогнозата, во попладневните часови во крајните северозападни делови ќе има услови за појава на слаба локална нестабилност.
Таму се очекува повремен слаб дожд, проследен со грмежи и ретка појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а во западните региони повремено ќе биде и засилен.
Максималната дневна температура ќе се движи од 29 до 37 Целзиусови степени.
Во Скопје до 36 степени
Во главниот град времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а дневната температура ќе достигне до 36 Целзиусови степени.
