Тешка несреќа се случи вечерва во Скопје, со една жртва. Неофицијално загинатиот е младо момче кое управувало скутер, а несреќата се случила на улицата „Козле“ во Скопје

Во несреќата учествувале три возила, „Цитроен“, „Мини купер“ и моторцикл кој бил марка „Хонда“.

Екипи на Брза помош констатирале смрт кај момчето.

Детали од полицијата засега нема, во тек е увид.