Уште едно 21-годишно момче е повредено во сообраќајката и со скршена рака е сместено во болница. Според неофицијалните информации, и двајцата биле од Гевгелија.
Сообраќајката се случила на патот Полихроно-Ханиоти, кога сега починатото 22-годишно момче, од непознати причини, изгубило контрола над возилото и тоа се превртело, пишува „Халкидикињуз“. Возачот, кој според порталот бил на летување на Халкидики, загинал на самото место, а излетал низ шофершајбната.
Совозачот во автомобилот, 21-годишникот со повреди, е префрлен во болницата во Полигиро.
Истрага за несреќата води полицијата од Неа Мудања.