На 04.06.2023 во 23.20 часот во Полициската станица Кичево, Б.М.(34) од Кичево пријавил дека на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево бил нападнат од кучиња скитници, по што паднал.

Тој бил пренесен во Општа болница во Кичево каде му биле констатирани тешки телесни повреди.