Во незгодата П.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид извршила екипа на СВР Битола.
На 23.07.2021 во 15.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај место викано „Тулана“, П.С.(22) од Битола, управувајќи мопед „шамп“со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во заштитна ограда.