-Двете лица се од исто семејство и правеле ПЦР тест за да се вратат во Германија каде што живеат и работат. При тоа е откриено дека имаат ковид-19 и дека е од делта сој. Двајцата се асимптоматски случаи, со нив е постапено според соодветната процедура и тие се ставени во домашна изолација. Контактите што ги имале како и другите членови од семејството се исто така ставени во домашна изолација и сите се следат секојдневно, изјави епидемиологот во Центарот д-р Сузана Субашиќ.

Во Тетово во овој момент има 24 активни болни со ковид-19, а во Клиничка болница нема пациенти на болничко лекување.