Тиодоровиќ за српски „Блиц“ изјави дека имунизацијата против коронавирус во иднина може да се врши двапати годишно.

-Делта плус сојот почнува да има негативни ефекти во Европа, бројот на заразени се зголемува, а имаме примери на земји кои беа релативно мирни, како Холандија и Данска, имаат зголемување на бројот на новозаразени. И Германците се во неволја, рече тој.

Епидемиологот изјави дека во Србија ќе продолжи да се намалува бројот на новозаболени, но посочи дека од граѓаните зависи дали тоа ќе се случи.

-Можно е бројот на заразени да продолжи да се намалува, бидејќи луѓето сега ја имаат таа доза на сериозност. Кога бројките растат и луѓето се однесуваат посериозно, кога бројките паѓаат, тие се опуштаат, а тоа не треба да биде така, нагласи тој.

Тиодоровиќ рече дека медицинскиот дел од Кризниот штаб се уште е за воведување на целодневни ковид-пропуснци и дека ќе инсистира на тоа.

Тој додаде дека воведувањето такви пропусници имало влијание врз луѓето на возраст од 30 до 40 години и дека тоа се гледа од податоците за вакцинација.