„Ако е толку оптимист Талат Џафери дека со амбициозност процесот на замена на документите може да се заврши навреме, а исто и министерот за надворешни работи, кој многупати изразува само загриженост за целиот овој проблем, двајцата заедно нека дојдат во МВР. Јас ќе им обезбедам посебни кабини за да можат заедно со полициските службеници да помогнат во процесот на фотографирање. Ќе им дадеме посебни картички, тие државна тајна, па нека помогнат во фотографирањето“, рече министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски по изјавата на техничкиот премиер Талат Џафери дека за еден месец може да се извади личен документ и дека можат сите граѓани навреме да ги заменат документите до изборите.

Тошковски уште еднаш ги повика партиите да овозомжат граѓаните слободно да гласаат на изборите.

„Нека се договорат партиите во Собрание, нека го изгласаат барем Изборниот законик. Ете, има добра волја од претседателот на привезокот на ДУИ да седнат и да го прифатат педлогот на ДИК. Како не им е срам? Нека си ја работат работата за која се платени“, кажа Тошковски.