Осмооделенецот С.Ф. почина денеска откако скокна од прозорецот од училница во основното училиште во Качарево, Србија.
Трагедијата се случи околу 12.30 часот, а припадникот на обезбедувањето во училиштето пријави во полиција дека момчето скокнало од вториот кат од зградата.
– Прозорецот беше отворен, а момчето од чиста смиреност скокна низ прозорецот за време на часот по германски јазик, пред пријателите и професорката – вели изворот на „Блиц“.
Според неофицијални информации, момчето потекнува од семејство во кое немало никакви проблеми.