Тој беше еден од најдобрите голмани во историјата на ПМФЛ во самостојна Македонија. Груевски беше член на речиси сите наши најголеми клубови, како Победа, Слога Ј, Работнички, Беласица, Вардар, а својата кариера ја заврши во далечната Австралија, во клубот Престон Лајонс каде беше тренер на голманите. Клубот на своите официјални социјални мрежи ја потврди страшна вест.
Груевски важеше за храбар голман, никогаш не признаваше пораз, секогаш го дваше својот максимум, без разлика каде и за кого играше.