– Можам да се сметам за голем обожавател на вакцини. Благодарение на мене, тие беа развиени толку брзо, рече републиканецот во изјава за Фокс њуз.

Трамп рече:

– Ги направивме само за девет месеци, иако обично се потребни пет години. Демократите воопшто не би ги направиле, така што јас сум навистина голем „фан“ на вакцините

Во исто време, поранешниот претседател се спротивстави на задолжителната вакцинација на населението, нарекувајќи се себеси „голем фан на слободата“. – Луѓето треба сами да одлучуваат. Но, јас би препорачал да се вакцинирате за да се заштитите. Вакцините се неверојатни, заклучи Трамп, повторувајќи дека смета дека „задолжителната вакцинација е лудост”.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, во САД се евидентирани повеќе од 35,7 милиони случаи на инфекција со коронавирус, а повеќе од 616,7 илјади луѓе починале. Земјата е рангирана на прво место во светот по двата показатели. Од еодамна, повеќето нови случаи се должат на делта варијантата.