Трет ден на жалост во Србија која е завиена во црно по двата масакра, денес ќе бидат погребани три жртви на убиецот од околината на Младеновац.
По вчерашниот тажен ден со десет погреби, денеска е погребот на полицаец и неговата сестра!
Во Србија денеска е трет ден на жалост поради масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде на 3 мај, седмоодделенец уби осум ученици и еден обезбедувач, а рани шест ученици и еден наставник, со истрели од пиштолот на неговиот татко.
Ден по масовното убиство на Врачар, на 4 мај, во вечерните часови во околината на Младеновац и Смедерево, 21 годишниот Урош со калашникови застрелал осум млади лица,и рани уште 14 жители на околината.
Денеска ќе бидат погребани полицаецот М.П и неговата сестра К., двете жртви на безумниот напад на У.Б кај Младеновац. Во вечното почивалиште ќе биде испратен и нивниот пријател Д.Т., кој загинал со нив.