Владата прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава за жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија.

За време на деновите на жалост државното знаме на сите институции, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, се истакнати на половина копје, а одложени се сите јавни настани.

Ден на жалост за настраданите во автобуската несреќа вчера беше прогласен и во Бугарија и во Косово.