Работниците се движечката сила на економијата и општествениот развој, порачува Владата на Република Северна Македонија по повод Меѓународниот ден на трудот.

Владата во празничјата честитка на својата официјална фејсбук страница потенцира дека е сојузник на работниците за секое прашање.

-Историското зголемување на минималната плата на 18.000 денари и законот за недела неработен ден се потврда дека грижата и поддршката за работниците е наш приоритет, наведува Владата.