Трипуновски вели:

-Кога велиме дека Заев ги подели луѓето на граѓани од прв и граѓани од втор ред, длабоко на дното од вториот ред се земјоделците во Република Македонија.Крајниот рок за исплата на субвенциите за 2020 година, но и за субвенциите од сите претходни години кои не се исплатени беше 30-ти јуни оваа година. Денеска сме први јули, абер нема од исплата на субвенцииите.Субвенции чекаат сите категории на земјоделци, нема гранка која не чека субвенции за да преживеат, да ги платат трошоците по земјоделски аптеки и да го прехранат семејството.

Тој додава:

-Пари за луксуз има. Пари за скапи возила има. Пари за луѓето кои ја хранат нацијата нема. Тоа е Заев, тоа е СДСМ.И покрај тоа што нема субвенциите и маката со којашто се соочуваат земјоделците. Заев воведува кризен данок, кој си го нарекува зелена такса, а кој ќе ги зголеми производните трошоци на сите земјоделци.Наместо да ни ги олесни условите, наместо да ги исплати субвенции, Заев уште толку ги влошува условите и го отежнува животот на земјоделците во Република Македонија.4.13 денари плус за секој литар гориво е удар по џебот на земјоделците. Тоа е удар по луѓето кои на ова топло време се по цел ден на нива, за да го прехранат семејството и да произведат храна за нацијата.

Тој истакна дека време е да се стави крај на поделбата на граѓаните од прв и од втор ред и дека време е за Македонија и за сите луѓе!