Во пожарите во Грција, според досегашните информации добиени од надлежните институции на земјата, меѓу загинатите нема државјани на Македонија. Има еден повреден државјанин на Македонија, возач на камион чија приколка била опожарена додека поминувал преку подрачје зафатено со пожари, во близина на Александропулис, соопшти Министерството за надворешни работи.
-Возачот добил изгореници, кои се третирани во локалната болница. Во непосредна близина, се наоѓа и втор камион со македонски регистарски таблички, кој поради механички дефект, не е во возна состојба. Тројцата наши државјани, кои се наоѓале во двата камиона, на време биле евакуирани и на пат се кон Македонија, се наведува во соопштението од нашето МНР.
Министерството за надворешни работи воедно, посочува дека со загриженост и внимание ја следи актуелната вонредна состојба во Грција, настаната како разултат на последните шумски пожари, кои резултираа со човечки жртви и други големи загуби.
Грчките власти од вчера наредија нова евакуација на островот Евбоја, во близина на Атина, а пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот во близина на местото на древните Олимписки игри, во з
-Во оваа прилика, би сакале да изразиме сочувство до семејствата на загинатите и да им посакаме брзо закрепнување на повредените, наведуваат од МНР.
Министерството преку својата Амбасада во Атина и Генералниот конзулат во Солун, се посочува, одблиску ги следи состојбите и останува во тесна комуникација со грчките надлежни институции и нашите државјани. Доколку има нови информации, дополнително ќе ја известиме јавноста.
Воедно, апелираат до нашите државјани, доколку се наоѓаат во погодените подрачја и имaaт потреба за помош, да ја контактираат нашата Амбасадата во Атина, преку следните СОС телефонски броеви: 00302106749585 / 00306944743071, Генералниот конзулат во Солун на +30 698 720 0410 или Министерството во Скопје на +389 75 273 732.