Три лица загинаа, а четворица се повредени откако руските сили деенска пукаа во станбени области на Миколаев, изјави градоначалникот Олександар Сиенкевич.
Две од жртвите починале на самото место, а едната починала на пат кон болница.
-Лекарите се борат за нивните животи, рече Сиенкевич за четворицата повредени.
Во нападите на јужниот град се оштетени три високи згради, објави Си-Ен-Ен.