Топол тропски ден на територијата на цела држава. Температурите ќе се искачуваат над 41 степен Целзиусов .

Исто време ќе имаме и во текот на утрешниот ден. Мал пад се очекува кон крајот на неделава, додека тука нема да биде крајот на горештините бидејќи според специјализираниот сајт за временска прогноза, Акуведр, жешкото време ќе биде присутно скоро цел месец.