Цените на фосилните горива продолжуваат со силен раст на светските пазари, при што барел сурова нафта од типот Брент накратко достигна 118,74 долари.
Овој нов скок доаѓа во услови на зголемени геополитички тензии и неизвесност околу снабдувањето, што повторно ја турка цената на енергенсите нагоре. Пазарите реагираат чувствително на секоја ескалација, особено кога станува збор за региони кои се клучни за глобалното производство и транспорт на нафта и гас.
Покрај нафтата, раст бележат и цените на природниот гас, што дополнително ги загрижува економистите и владите ширум светот. Зголемените трошоци за енергија имаат директно влијание врз инфлацијата, транспортот и индустриското производство, што може да доведе до нов бран поскапувања на основните производи.
Експертите предупредуваат дека доколку ситуацијата продолжи да се влошува, цените би можеле дополнително да растат во наредниот период. Особено е чувствителна ситуацијата околу клучните транспортни рути, преку која минува значителен дел од светската нафта.
