Аргентина против Англија постигна голови во 85 минута и 90+2 минута за целосен пресврт и тоа откако селекторот на Англија, Томас Тухел реши да го брани водството во последните 30 минути.
Веднаш по мечот со реакција се јави токму Тухел.
„Разочарани сме. Бевме многу блиску, но откако дадовме гол, станавме многу пасивни и дозволивме противникот да направи многу шанси. Не успеавме да ја преземеме контролата на топката и дозволивме противникот да има многу уфрлувања, шанси и шутеви.
Бевме блиску, но по постигнатиот гол не успеавме да ја задржиме играта на истото ниво“, започна Тухел со својата анализа по поразот од Аргентина, а потоа продолжи со анализата за направените измени.
„И во претходните натпревари внесував офанзивни играчи. Само се обидовме да му помогнеме на тимот. Веднаш ја искористивме можноста и решивме да преминеме на одбрана од петмина бидејќи имаше премногу празнини. Тие победуваа во секој воздушен дуел и постојано ја нафрлаа топката, па затоа преминавме на бековска линија од петмина за да го затвориме просторот во средината и да бидеме посилни во воздухот.
Веднаш по нашиот гол, пред какви било измени, дозволивме премногу центрирања и премногу можности, па затоа се обидовме да му помогнеме на тимот. Секако, одговорноста е на тренерот и кога работите не завршуваат добро, лесно е да се каже дека одлуката била погрешна“, анализираше Тухел.
На прашањето зошто Англија не се обидела да постигне втор погодок, одговорот на Тухел беше интересен. :
„Да, сакавме да дадеме втор погодок, но не ти помага ако не можеш да ја добиеш топката. Не можевме да излеземе од нашата половина. Секако дека сакавме да постигнеме втор гол, но не чувствував дека промените во нападот ќе ни помогнат. Останавме во формација 4-4-2, но станувавме сè попасивни. Не можевме да освоиме ниту една топка или да ја задржиме, па не мислам дека проблемот беше во системот. Не променивме ништо, но играта се промени целосно.
Нема проблем, разбирам дека тоа се дискутира. По натпреварот има милиони тренери кои знаат сè подобро“, заврши Тухел со првичната реакција веднаш по поразот на Англија со 1:2 од Аргентина.
