Нема да работат повеќето бизниси, а ќе работат само супер-маркетите и аптеките, со исклучок во недела кога нема ништо да работи.
За патувања меѓу градовите ќе бидат издавани посебни дозволи, а училиштата ќе функцинираат исклучиво он-лајн. Апели да не се излегува од дома, ако нема нужна потреба. Затворени ќе бидат сите угостителски објекти. Туристи ќе можат да патуваат во земјата.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека ова е многу важен потег за да се спреми инфекцијата на коронавирус.
Турција од почетокот на пандемијата има 38 илјади жртви на коронавирус, и 4,6 милиони инфекции.